Досегашниот тренер на Нестор и официјално на клупата на Динамо Загреб! (ФОТО)

194

Од денеска и официјално Динамо Загреб има нов стратег. Тоа е Марио Ковачевиќ, кој до вчера му беше тренер на Илија Несторовски во Славен Белупо.

Ова е мало изненадување ако се знае дека се очекуваше далеку попознато и пореномирано тренерска име да дојде во тимот на “модрите“.Сепак ова е одлука на Звонимир Бобан и ќе видиме во иднина дали ќе биде добра.

Како тренер, покрај Славен Белупо ги предводеше и тимовите на Вараждин, Меѓуморје, Полет…

Како што стојат засега работите, Ковачевиќ нема да има Македонци во тимот ако се знае дека Аријан Адеми и Стефан Ристовски нема да бидат дел од хрватскиот и балкански гигант во следната сезона.

ФОТО: ГНК Динамо Загреб/ФБ

ПретходноНа иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ: Слободен влез за децата од Детска лига и училишен фудбал на мечот Македонија – Белгија!
СледноБарди се збогуваше со Бодрумспор! (ФОТО)