Цеск Фабрегас е избраниот за наследник на Симоне Инзаги во Интер. Вака денеска пишува „Спортмедиасет“, медиум близок до „нероаѕурите“.
Според нивните информации, директорот на клубот Бепе Марота по вчерашната разделба со Инзаги веќе одлучил кој ќе биде негов наследник, но останува да ја добие борбата со Комо, кој упорно настојува Фабрегас да го води клубот и следната сезона.
Сите други имиња кои се споменуваат како кандидати за тренерското место се план Б во случај договорот со тренерот од Комо да не успее да се заврши. Ако Фабрегас дојде на кормилото на „нероаѕурите“, тоа ќе биде прв странски тренер ангажиран од Марота во неговата 46-годишна кариера, затоа што досега Марота никогаш не донел странски тренер во тимовите каде што работел.