Мбемо ќе оди во Манчестер Ј., но бара петпати поголема плата

864

Брајан Мбемо нема против да се пресели во составот на Манчестер Јунајтед, но има високи барања за неговата плата, пишува весникот „Тајмс“.

Крилниот напаѓач на Брентфорд наводно одлучил да ја прифати понудата на Јунајтед и покрај интересот од Арсенал, Њукасл и Тотенхем. Камерунскиот репрезентативец ќе заработува 250.000 фунти неделно, што е петпати повеќе од неговата моментална плата, со што тој ќе стане еден од најплатените играчи на „црвените ѓаволи“.

Се очекува преговори со Брентфорд да бидат завршени во блиска иднина.

ПретходноФеникс ја спушти цената на Дурант, Хјустон се подготвува за „напад“
СледноПандев: Мојот однос со Милевски е професионален, посакувам да не однесе на СП