Митровски станува најскапиот фудбалер во историјата на елитната лига во Словенија?!

1529
фото: NK Varaždin (Facebook)

Како што пренесува словенечкиот портал Екипа.си, Димитар Митровски најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Словенија и тоа во тимот на Олимпија. Македонецот кој имаше фантастична сезона во Вараждин и беше во ТОП-5 најдобри фудбалери во ХНЛ, за еден милион евра ќе се пресели во Олимпија, во најпознатиот клуб во Словенија.

Овој медиуим пренесува дека раководството на Олимпија има намера да даде еден милион евра за да се оствари овој трансфер. Преговорите биле во тек и шансите да се реализира биле големи.

Во случај да биде така, тогаш Митровски ќе биде најскапиот фудбалер во историјата на елитната лига во Словенија. Имено никој никогаш досега не платил толката отштета, пред се се мисли на словенечки клуб.

Досега рекордот го држел Блесинг Елеке, кој за 800.000 евра дојде во Олимпија од Горица во времето кога со клубот од Љубљана раководеше Милан Мандариќ.

ФОТО: НК Вараждин/ФБ

ПретходноЦрвен картон на Лазаров за победа на Пелистер во Автокоманда (ФОТО)
СледноЈувентус планира да го спаси Антони од враќање на Олд Трафорд