Со триумф на ПСЖ, заврши првата сезона со новиот формат во Лигата на Шампионите. Од УЕФА се задоволни од тоа како мина ова најквалитетно европско фудбалско натпреварување, но според најавите имало и мали недоследности кои УЕФА во набрз можен рок ќе ги поправи, односно ќе има мали промени за следната 205/26 сезона.
Имено ќе им се даде приоритет на оние екипи кои ќе бидат подобро пласирани во лигашката фаза. Во изминатава сезона ПСЖ и Интер иако беа послабо пласирани во лигашката фаза од Арсенал и Барселона, сепак беа домаќини на реваншите, впрочем така сакаше ждрепката.
Од следната сезона нема да биде така. Имено во елимиминациската фаза, во 1/6 финалето, потоа во 1/8, 1/4 и 1/2 финалето домаќини во реваншите ќе бидат оние екипи кои биле подобри пласирани во Лигашката фаза. Ќе има ждрепка само за двојките а не и за тоа кој ќе биде домаќин на вториот натпревар.
Ова правило ќе важи и за ЛЕ и ЛК.