Пелистер без Кузмановски против Алкалоид

385

Вечерва се игра една од дерби средбите во домашниот ракометен шампионат, плеј оф фазата, помеѓу екипите на Алкалоид и  Е.Пелистер. Гостите во Скопје во рамките од претпоследното коло ќе допатуваат без својот најдобар ракометар Филип Кузмановски.

Причината за ова многу веројатно е одмор за Кузмановски и негово чување за дуелот в сабота кој што треба да ја реши титулата. Тоа е секако мечот помеѓу Вардар и Е.Пелистер.

На денешниот меч Е.Пелистер може и да си дозволи пораз, и со евентуален триумф над Вардар викендов да слави титула.

 

ПретходноСинер обезбеди полуфинале на Ролан Гарос
СледноОфицијално: Динамо го продаде Сучиќ во Интер