Пеп не се шегува: Манчестер Сити повторно ќе има мега – тим!

1924

Иако капитенот Кевин де Брујне си замина, Пеп Гвардиола, менаџерот на Сити, повторно е во акција и се чини дека во следната сезона ќе има повторно мега – тим и ќе биде главен кандидат за сите титули до кои би можел да дојде.

Имено трансферот на Тијанџи Реиндерс од Милан во Сити е веќе стара вест, најново е тоа што се е договорено со Рајан Шерки од Лион, а пред потпис е и Рајан Аит-Нури од Вулверхемптон.

Со зимските засилувања и со враќањето на Родри во тимот нема дилеми дека Пеп Гвардиола и тоа како може да биде задоволен.

Ќе беше идеално ако успееше да го го донесе и Флоријан Вирц, но сепак не се може се во фудбалот, колку и да имаш пари.

ПретходноПознат списокот на одбојкарките за вториот турнир во Сребрената лига на Фарски острови!
СледноСо 402 милиони евра: Јамал е убедливо највредниот фудбалер во светот, далеку пред Халанд, Мбапе, Белингем…