Познат списокот на одбојкарките за вториот турнир во Сребрената лига на Фарски острови!

146

Вториот турнир од ЦЕВ Европската Сребрена лига женската репрезентација го игра викендов на Фарски Острови. Селекторот Стефан Пауновиќ ќе смета на 12 одбојкарки за престојните два натпревари, со домаќинот Фарски Острови, односно Австрија.

Промената во составот е што во игра се враќа Ерјона Јонузи. Организаторката на играта, која закрепнува од повреда го пропушти првиот турнир во Струмица, но затоа добива шанса на вториот. На списокот ги нема Пандева, Василевска и Антеска кои ќе одмораат викендов.

ПретходноВо игра се 165 милиони долари: Дончиќ потпишува тригодишен договор со Лејкерси!
СледноПеп не се шегува: Манчестер Сити повторно ќе има мега – тим!