Акција за респект на ОФС Гази Баба, кој со поддршка на Фудбалската федерција на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ, успеа да ги поднови клубовите во својот сојуз со спортска опрема, пред се за развој на младинскиот фудбал.
Во акцијата учествуваше и Општината Гази Баба. Секако градоначалникот Бобан Стефковски и претседателот на на ОФС Гази Баба, Дарко Костовски му се заблагодарија на Омерагиќ и на ФФМ, за нивната посветентост за тоа да им се помогне на клубовите на повеќе начини.
Во помошта нагласено е дека на клубовите се “подновени“ со комплет дресови за 21 клуб, маички за сите клубови школи, 300 топки, мрежи за голови и друго, она што е потребно за создавање на услови за работа и тренинг на клубовите.
Градоначалникот Стефковски му додели плакета на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ како знак за признание за неговата работа и придонес за развојот на фудбалот.
ФОТО: Општина Гази Баба/ФБ