Промоција: Васко Василев на голот на Работнички!(ФОТО)

330

Најавите се остварија. Васко Василев (21), еден од нашите најдобри млади голмани, репрезентативец на Македонија до 21. години во следните три сезони ќе биде на голот на Работнички. Попладнево раководството на клубот од Градски парк се пофали со ова големо засилување.

Василев доаѓа од Гостивар, а претхoдно беше член на тимот на Рио Аве до 23, потоа Ц. Звезда до 23 години, потекнува од школата на Вардар.

Ова значи дека, исто така како што најавивме, Игор Алексовски ќе прави трансфер во Влазнија, се чека само на официјален потпис и промоција во тој албански клуб што ќе се случи по завршување на обврските на Алексовски во репрезентацијa.

ПретходноАлкалоид против Пелистер го почнува мини-маратонот!
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА СПОНЗОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ТРЧАЊЕ, ПЛИВАЊЕ, ВЕЛОСИПЕДИЗАМ, ДУАТЛОН И ТРИАТЛОН 091РАНКРУ СКОПЈЕ