Супер Ѓоковиќ за полуфинале: Новак е “ѕверот” на денот (ВИДЕО)

5567
Фото: Roland-Garros @rolandgarros

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако во четири сета го совлада Александар Зверев. Српскиот тенисер беше подобар со 1-3 (6-4, 3-6, 2-6 и 4-6) во меч кој траеше три часа и 15 минути. На патот до финалето стои во Париз му стои Јаник Синер.

Зверев го освои првиот сет со 6-4, по што следеше доминација на Ѓоковиќ. И на 38 години покажа дека може да игра на врвно ниво. Вториот сет го доби со 3-6, додека во третиот на противникот му дозволи да освои само два гејма.

Во четвртиот сет се случи момент кој ретко се гледа, двајцата тенисери разменија 41 удар. На крајот сето ова заврши во корист на Ноле. На овој начин успеа да изедначи на 40/40, а потоа да го освои гејмот. Овој сет го доби со 4-6.

ПретходноЛига Нации: Роналдо ја “скрши“ Германија и ја однесе Португалија во финалето! (ФОТО)
СледноОфицијално: Симоне Инзаги потпиша двегодишен договор со Ал Хилал