УЕФА ќе ја казни Барселона со одземање бодови во новата Лига на шампиони?

1548

Барселона се соочува со забрана за настап во следното издание на Лига на шампиони поради кршење на финансиските правила на УЕФА втора година по ред, објави „Тајмс“. Челзи и Астон Вила исто така би можеле да се соочат со санкции, но во нивниот случај, тоа би била полесна казна, бидејќи ова е нивно прво прекршување на правилата.

Според „Тајмс“, казната со која се соочува Барса би можела да вклучува регистрација на помал состав, што значи ограничување на бројот на играчи што можат да ги регистрираат во натпреварувањето или губење на бодови во основниот дел на натпреварувањето.

Во октомври, Барселона ја загуби жалбата пред Арбитражниот суд за спорт (CAS) за казната од 500.000 евра за погрешно пријавување на профитот. CAS во тоа време изјави дека казната е лесна, но ја предупреди Барселона дека второто прекршување ќе резултира со построги санкции.

Според „Тајмс“, ова второ прекршување е пријавено, а УЕФА ќе објави детали за тимовите кои не ги почитувале финансиските правила во наредните недели.

ПретходноКугларите се во четвртфинале на СП, утре за полуфинале против Австрија
СледноМарота го знае наследникот на Инзаги и нема план Б