Црвен картон на Лазаров за победа на Пелистер во Автокоманда (ФОТО)

5125

Пелистер ја освои Автокоманда, го совлада Алкалоид со 23-29 во заостанатиот меч од осмото коло во плеј-фот. Ова значи дека дефинитивно во сабота Вардар 1961 и Пелистер ќе го дадат името на првакот. Битолчани за оваа средба го немаа Филип Кузмановски и Мохамед Шебиб, Илија Абутовиќ, како и голманот Ивиќ.

За крајниот исход на оваа средба пресуди црвениот картон на Кирил Лазаров, во 40-та минута кога неговиот тим дојде на три гола негатива (18-21). Од овој момент Алкалоид дојде на 20-21, а потоа влезе во серија на грешки, а битолчани ги искористија.

Манасков со шест гола беше прв стрелец, пет гола имаше Борзаш. Кај домашниот тим Петковски имаше шест гола, додека Серафимов пет.

Дуелот започна изедначено, Алклоид водеше со 2-1 и 3-2, по што битолчани со три гола во низа поведоа со 3-5 во осмата минута. Избраниците на Кирил Лазаров успеаја да се вратат, но противникот ги казни нивните грешки, поведе со 13-17 пред самиот финиш на мечот. На одморот резултатот беше 14-18.

На стартот на второто полувреме Пелистер зголеми на 14-19. На другата страна Џонов намали на четири, по што тој и неговите момци не ја искористија одбраната на Галевски за да фатат резултатски приклучок. Нешто подоцна младиот голман повторно блесна, со серија на одбрани го подигна својот тим. Алкалоид постигна четири гола бо низа и дојде на еден гол негатива во 44 минута (20-21). Во меѓувреме поточно во 40-та минута домашниот тим остана без Кирил Лазаров покрај аут-линијата, доби црвен картон од страна на битолските судии, па задачата да го води тимот и припадна на Црвенкоска.

Пелистер се разбуди токму откако Лазаров доби црвен картон, успеа да се врати, со серија од 9-1 поведе со 21-29 во 57-та минута. Тука беше јасно дека бодовите одат во Битола.

ПретходноБитолските судии му доделија црвен картон на Лазаров (ВИДЕО)
СледноМитровски станува најскапиот фудбалер во историјата на елитната лига во Словенија?!