Со оглед на фактот што бразилецот Антони ни под разно не сака да се врати во Манчестер Јунајтед каде што е под договор и ја бара секоја можна опција за да се спаси од тоа, на помош можеби ќе се најде тимот на Јувентус.
Антони имаше фантастична полусезона на позајмица во Бетис каде што постигна 15 гола, а сега и овој клуб сака да го откупи.
Финансиската моќ на Јувентус секако дека е поголема, а и самиот Антони не би имал ништо против да заигра во европскиот фудбалски гигант.
Нормално, за сето ова се прашува и Јунајтед кој што сигурно нема да го пушти бразилецот за малку пари.