Англиска судиска тројка ќе ни суди против Белгија

201

Англичанецот Кристофер Каванаг ќе биде главен судија на дуелот Македонија – Белгија в петок во Скопје. Денеска УЕФА ги објави судиите кои ќе ја делат правдата на дуелите во продолжението од квалификациите за СП 2026.

Македонија ја пречекува Белгија во петок на Националната Арена од 20.45, а на Каванаг ќе му асистираат неговите сонародници Ли Бетс и Неил Дејвис. Четврти судија на натпреварот ќе биде Самуел Барот.

Во ВАР собата ќе работи еден од најпознатите англиски арбитри, Стјуарт Атвел.

ПретходноМарота го знае наследникот на Инзаги и нема план Б
СледноДве злата и бронза за младите таеквондисти на турнир во Бугарија