Барди се збогуваше со Бодрумспор! (ФОТО)

805

По само шест месеци минати во Бодрумспор, нашиот репрезентативен капитен, Енис Барди се збогуваше со својот досегашен клуб.

Сега веќе јасно е дека пред него се нови предизвици и дека одличниот играч за врска ова лето ќе има нов клуб.

Секако дека има интерес за него, а нема да биде ништо чудно ако остане во Турција, но да се пресели во некој друг клуб.

Тој во Бодрум дојде од Трабзон во зимскиот преоден рок.

Инаку на своите социјални мрежи, Барди со пригодни зборови им се заблагодари на сите во Бодрумспор.

No description available.

ПретходноДосегашниот тренер на Нестор и официјално на клупата на Динамо Загреб! (ФОТО)
СледноВо игра се 165 милиони долари: Дончиќ потпишува тригодишен договор со Лејкерси!