Вардар во Словенија против Будуќност, Олимпија, Марибор….

1259

Тимот на Вардар следниот понеделник ќе ги започне пофготовките за новата сезона. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија ќе ги „запали моторите“ во домашна атмосфера, во базата во Хиподром, а потоа на 13 јуни заминува во Словенија во базата во Раденци.

Таму ќе се остане извесен период, во кој ќе се одиграат повеќе пријателски средби. Досега грото од нив се закажани, а се стартува со онаа на 17 јуни против тимот на Будуќност.

Следува оној дуел на 21 јуни против тимот на Олимпија Љубљана, за три дена подоцна да се одигра дуелот против тимот на Марибор. Против Рапид Букурешт е закажан дуелот на 27. јуни, а за последниот спаринг партнер сеуште се преговара.

Во меѓувреме Вардар активно работи на пополнување на ростерот.

 

ПретходноНови правила од следната 2025/26 сезона во Лигата на Шампионите!
СледноЧурлинов: Противникот воопшто не е важен кога играш за Македонија (ВИДЕО)