Во Мадрид ќе го сакааат уште повеќе: Познато е зошто Лука Модриќ го одбра Милан

4810

Како што стојат работите Лука Модриќ својата фудбалска кариера во тимот на Милан. Ова е, секако, европски гигант, и тој ќе потпише едногодишен договор со можност за продолжување за уште една година.

Денеска Марка ја откри главната причина зошто Модриќ го избра Милан.

„Тој е разочаран затоа што нема да остане во Реал Мадрид, а бараше клуб што ги комбинира спортот со емоциите. Милан претставува многу повеќе од нов предизвик затоа што е избор со симболично, лично и стратешко значење. Модриќ ја имаше својата голема фудбалска референца во Бобан уште од детството, а беше клучен играч за Милан во 90-тите. Бобан сега е близок пријател на Лука Модриќ и ова многу влијаеше на неговата одлука.“

Сепак, тоа не е сè, Модриќ имаше понуди и од многу други клубови во Европа. Причината зошто го избра Милан е затоа што тие не играат во Европа и не можат да се сретнат со Реал Мадрид.

„Милан нема да игра во европските натпреварувања. Тој факт, кој многумина го сметаа за хендикеп, беше позитивен овде. Модриќ не сакаше да игра за клуб кој може да игра против Реал Мадрид, сè поради неговата емотивна поврзаност со овој тим“, пишуваат новинарите на „Марка“.

ПретходноНикој не сонуваше за ова – Лео Меси ќе има нов клуб од декември!
СледноЛига Нации: Роналдо ја “скрши“ Германија и ја однесе Португалија во финалето! (ФОТО)