Димов верен на Персебаја уште минимум една година

160

Македонскиот интернационалец Диме Димов, ќе биде дел од тимот на Персебаја уште минимум една година. Стоперот потпиша нов договор на една плус една година со клубот од Индонезија, што значи дека менаџментот и стручниот штаб му веруваат на искусниот стопер.

Димов веќе имаше претходно едно интернационално искуство во тимот на Локо Софија, а во Индонезија очигледно одлично се снајде.

„Презадоволен сум од мојот престој тука и воопшто не размислував дали да останам. Прекрасно се чувствувам овде, одиграв добра сезона. Настапив на шестанесет мечеви со полна минутажа“ – ни изјави Димов.

 

ПретходноСо 402 милиони евра: Јамал е убедливо највредниот фудбалер во светот, далеку пред Халанд, Мбапе, Белингем…
СледноКаљари се спаси од испаѓање па го избрка тренерот