Феникс ја спушти цената на Дурант, Хјустон се подготвува за „напад“

413
Фото: Феникс Санс/Твитер

Кевин Дурант, кој очигледно е на пат да си замине од Фeникс Санс, ќе биде продаден по пониска цена, прогнозираат НБА инсајдерите. Тимот од Аризона плати многу за него во 2023 година, а би можеле да го ослободат за многу помалку.

Според Кели Ико од „Атлетик“, Санс сакаат да го продадат Дурант, но побарале премногу за него, па затоа сега ја намалиле цената.

„Феникс е агресивен и сака да го продаде Кевин Дурант и да го вратат капиталот од драфтот што го дадоа за него. Од крајот на сезоната, Хјустон неколку пати се јави во Феникс, а тие постепено ги намалуваа своите барања. Постои цена што Рокетс се подготвени да ја платат, но немаат намера целосно да го расклопат составот за да ја добијат 36-годишната ѕвезда“, вели тој.

ПретходноРабио се враќа во Италија и ќе игра за својот стар тренер
СледноМбемо ќе оди во Манчестер Ј., но бара петпати поголема плата