Чурлинов: Противникот воопшто не е важен кога играш за Македонија (ВИДЕО)

162

Фудбалската репрезентација на Македонија в петок со почеток од 20:45 часот на Арената Тодор Проески во Скопје ќе го одигра третиот дуел од актуелните квалификации за следниот Мундијал против селекцијата на Белгија. За противникот пак ова е премиера во оваа кампања. Дали тоа е предност или негатива за нас и што воопшто значи Белгија како противник за нашиот напаѓач Дарко Чурлинов воопшто не е тема. Тој смета дека кога се игра за националниот дрес, противникот не е важен.

„Зад мене е добра сезона, имав добра минутажа, а сега е време да се сконцентрираме на репрезентативните обврски. Во денешниот фудбал нема фаворити, па така да, сметам дека доколку биде одработено она што е договорено пред дуелот, мислам дека нема да имаме никаков проблем. 

Протовникот воопшто не е важен. Дали е тоа Белгија или Казахстан тоа воопшто не е тема. Ние играме за Македонија. Се подготвуваме како што треба, анализираме, и ќе се уверите сами во петок дека сме подготвени за овој предизвик. – вели Чурлинов.

ПретходноВардар во Словенија против Будуќност, Олимпија, Марибор….
СледноКој ќе нè научи да се грижиме за себе?