По редовната официјална прес-конференција одржана во медиа центарот на Националната арена во Скопје, нашиот утрешен ривал во 3. коло од квалификациите за СП 2026, селекцијата на Белгија, го започна официјалниот тренинг.
Белгијците имаа можност да ја почувствуваат тревата на скопското сонце очекувајќи го утрешниот меч.