Сабаленка е прва финалистка на Ролан Гарос

307
фото: Roland-Garros (X)

Арина Сабаленка е прва финалистка на Ролан Гарос. Светскиот рекет бр. 1 славеше над шампионката на последните три турнири, Ига Швјонтек во три сета со 7:6(1), 4:6, 6:0.

Сабаленка стигна до своето прво финале на Ролан Гарос и до своето шесто финале на Гренд слем турнирите, откако досега трипати играше за титулата на Австралија Опен, двапати на УС Опен.

Ова е прв пораз на Швјонтек на Ролан Гарос од 2021 година. Инаку, Сабаленка во финалето за противник ќе ја има победничката од дуелот меѓу Коко Гоф или Лоис Боасон.

ПретходноБелгијците ја „пробаа“ Арената пред утрешниот дуел со Македонија (ФОТО)
СледноМиленковски ги одреди патниците за првиот турнир од Златната лига на ЦЕВ