Младите македонски пливачи Никола Ѓуретановиќ (17 г.) и Петар Цеков (16 г.) испишаа нови рекорди во македонското далечинско пливање. Двајцата млади пливачи имаа одлични настапи на Националното првенство во далечинско пливање.
Со нови државни рекорди и второ најдобро време во Европа во своите категории (U18 и U17), овие момци се потврда на одличната работа. Ѓуретановиќ постави апсолутен рекорд на 5 километри со време 55:10 минути, додека Цеков направи рекорд во категорија 16–17 години со време 55:40 минути.