Ал-Наср дава 85 милиони евра за Луис Диаз

212

Ал Наср сè уште притиска кај Ливерпул да им дозволат да го купат Колумбискиот напаѓач Луис Диаз. Претходно Барселона го контактирала Ливерпул за да разговара за трансферот на колумбискиот крилен напаѓач, но Англичаните одговориле дека тој не е на продажба.

Каталонците се повлекле од трката за играчот, затоа што не чувствуваат дека можат да го променат мислењето на Ливерпул. Ал-Наср сè уште не се откажува. Арапите сакаат да се обидат да го убедат играчот, па тој да направи притисок за заминување. Клубот од Ријад сака да добие согласност од играчот, а потоа да му достави понуда на Ливерпул. Саудијците се подготвени да платат околу 85 милиони евра за Колумбиецот.

ПретходноУзбекистан испиша историја, ќе игра на СП 2026
СледноГолеада во Штутгарт: Шпанија ќе ја брани титулата во Лигата на нации