Иако клубовите се бунтуваа, реагираа, сепак челниците на ФИФА си го истераа своето. Имено за десет дена ќе стартува првото во историјата Светско клупско првеннство. Малку беше Лигата на Нации која УЕФА ја “лансира“ пред неколку години, па така сега на ред дојде и СКП кое оваа година ќе се одржи во САД.
Сепак во ФИФА се загрижени дека ова СКП може да биде тотално фијаско. Ова е најмногу поради незаинтересираноста, па затоа билетите тешко се продаваат иако цените за нив на речиси сите натпревари драматично се намалени.
Бадијала фрлените милиони долари од страна на ФИФА за промовирање на своето ново “чедо“.
Имено за првиот меч меѓу Интер Мајами и Ал Ахли билетот пред неколку месеци чинеше 305 евра, а сега истиот може да се купи за 48 евра. Интересно е тоа што билет за мечот во Сиетл меѓу Ривер Плата и Урава, чини смешни 22 евра.
Вакви примери има безброј, за дефинитивни заклучоци ќе треба да се почека СКП прво да заврши.