Дешамп: Дембеле ја заслужува “Златната топка“!

66

Во пресрет на второто полуфинале од Лигата на Нации, мечот меѓу Шпанија и Франција, селекторот на “триколорите“ Дидие Дешамн, имаше свој коментар за тоа кој би требало да ја добие “Златната топка“ за оваа година. Признание кое е најпрестижно во светот на фудбалот, се разбира поединечно.

Со оглед на сезоната што ја имаше, сметам дека Усман Дембеле ја заслужува „Златната топка“. Нема да говорам за Ламине Јамал или пак да го споредувам со Дембеле, јас сметам дека Усман треба да го добие тоа признание. Ако јас се прашувам тогаш нема дилеми кој е најдобриот во светот за оваа година“ истакна Дешамп.

ФОТО: ФЦ ПСГ/ФБ

ПретходноНов договор: Камерунецот Донгмо и следната сезона ќе „командува“ во средниот ред на Вардар
СледноПоследен тренинг пред Белгија: Се прави стратегија за нов позитивен резултат (ФОТОГАЛЕРИЈА)