Финалето на Лигата на шампионите се играше на 31 мај, а дури сега се појавија снимки од неверојатниот потег на Луис Енрике, кои што повторно покажуваат дека тој не е само одличен тренер, туку и голем човек.
Во модерниот фудбал, сцените каде што играчите не носат медали околу вратот или веднаш го напуштаат теренот по поразот станаа вообичаени.
Ретко е губитник да остане до самиот крај на церемонијата за да го гледа победникот како ужива. Токму тоа беше случај по финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Интер.
Иако беа ппоразени со огромни 5:0, играчите на Интер покажаа карактер и достоинствено го пребродија целосното фијаско.
Потоа Луис Енрике влезе на сцената и ја покажа својата големина, а снимки од неговиот потег се појавија неколку дена по финалето. Додека играчите на ПСЖ славеа со пехарот во рацете, шпанскиот тренер ги виде очајните играчи на „нераѕурите“ од подиумот.
И наместо да им се придружи на своите избраници, експертот за трофеи се сврте кон фудбалерите на Интер и им честиташе што останаа до самиот крај.
„Сакам да истакнам една сцена што е многу ретка за гледање на крајот од финалето, кога го примате трофејот. Сакам да го пофалам Интер на апсолутен начин“, започна Енрике и продолжи:
„Сите играчи и целиот тим останаа со почит да чекаат на теренот додека не завршивме со славењето. И покрај болката од поразот, тие решија да останат таму. Мислам дека тоа е одлична лекција за децата, во животот и во фудбалот победуваш и губиш. Мора да знаеш како да губиш, дали има луѓе на овој свет кои знаат само како да победуваат? Не! Мора да покажеш почит кон противникот дури и кога губи, како што направи Интер. Им благодарам за тоа.“
За Интер, ова беше втор пораз во финалето на Лигата на шампионите за три години, додека ПСЖ за прв пат стана европски шампион.
L’énorme respect de Luis Enrique envers les joueurs de l’Inter Milan #PSG pic.twitter.com/3W4tPOctJA
— ParisTeam (@Paristeamfr) June 4, 2025