И тоа како има интерес за утрешниот квалификациски меч за пласман на СП 2026. Имено како што дознаваме, продажбата на билети за дуелот меѓу Македонија и Белгија, оди одлично, засега се продадени околу 25.000 билети. Затоа побрзајте навреме да си обезбедите билет за утрешниот спектакл на Арената “Тодор Проески“ во Скопје кој започнува во 20:45 часот. Одличен потег ФФМ направи со тоа што обезбеди бесплатен влез за фудбалерчињата од Детската Лига, а истио така има посебен кордидор за фановите кои ќе ја бодрат гостинската селекција.
Јасно е дека од повеќе причини целиот капацитет, такви се прописите на УЕФА, не може да се распродаде целиот капацитет на Арената, но исто така е јасно дека околу 30.000 фанови, такви се прогнозите, утре вечер ќе навиваат за Македонија.