Долго време им беше потребно на ЕХФ за да донесе одлука за случајот Алкалоид и АЕК, кои не го одиграат вториот финален натпревар во рамките на ЕХФ Европскиот Куп, откако гостите одбија да излезат на теренот бидејќи дел од навивачите на кои не им беше дозволено да дојдат во Скопје беа вратени назад од страна нашето министерство.
Иако случајот беше чист, ЕХФ бараше дополнителни изјави од двата тима.
На крајот ја донесе вистинската одлука: ПЕХАРОТ ОДИ ВО РАЦЕТЕ НА АЛКАЛОИД. Ова се сосема заслужено особено ако се земе резултатот од првата средба, Кирил Лазаров и неговите момци во Атина славеа со 25-29.
Она што останува како жалење е што не се одигра вториот финален натпревар, салата „Борис Трајковски“ беше исполнета до последното место, сите сакаа заедно со Алкалоид да го прослават овој голем успех за македонскиот ракомет.
Во продолжение следи одлуката на ЕХФ:
„Резултатот од реваншот од финалниот натпревар на ЕХФ Европскиот куп за мажи 2024/25, помеѓу РК Алкалоид и РК Атина, е 10:0 гола и 2:0 бода.
Првиот натпревар заврши со победа на РК Алкалоид од 29:25.
РК Алкалоид затоа е победник на ЕХФ Европскиот куп за мажи 2024/25, вклучувајќи ги сите последици и предности што произлегуваат од оваа титула.
Секоја жалба против овие одлуки нема да има никаков ефект на суспензија.
Донесената одлука се однесува само на аспектите на случајот поврзани со натпреварувањето. Посебни дисциплински постапки во врска со одбивањето да се игра натпреварот, поврзаните штети и распределбата на билетите сè уште се во тек.
РК АЕК Атина може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум (7) дена“.
Алкалоид се впишува како првиот македонски тим кој го освоил ова натпреварување, втор кој подигнал пехар во Скопје, и трет кој дошол до круна во едно од трите натпреварувања под капата на ЕХФ.