Алкалоид е новиот првак во ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија на сметка на АЕК испиша историја, стана првиот македонски тим кој успеал да го крене пехарот во ова натпреварување.
Иако се уште не е официјално, но според ланските пропозиции, Алкалоид следната сезона може да оди едно ниво погоре. Како првак на ЕХФ Европскиот Куп добива место во квалификациското коло за пласман во групната фаза во Европската лига.
Останува во следните денови оваа информација да ја потврди и ЕХФ, но минатогодишниот шампион, Валур, на овој начин стигна до групната фаза.