Лука Дончиќ ќе потпише и ќе заработи 165.000.000 долари

365
Фото: ЛА Лејкерс/Твитер

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе потпише тригодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс, објавува ESPN.

Откако ја завршија сезоната, Лејкерси се одмараат, но и се подготвуваат за новата сезона каде што улогата на Лука Дончиќ на теренот треба да биде подоминантна. Тој се адаптирал, ја прифатил својата судбина и сè што останува е неговото здравје да му служи по Евробаскетот на кој ќе учествува.

А, пред тоа, ќе потпише тригодишен договор бидејќи на 2 август ќе бидат шест месеци од блокбастерската размена. После тоа, ќе потпише нова соработка вредна 165.000.000 долари што вклучува опција за играч за сезоната 2028/29.

Откако Леброн Џејмс ќе се пензионира во одреден момент, Лука ќе стане првото лице на оваа франшиза и се надеваат дека тој ќе ги води до шампионски прстен.

Дончиќ досега одигра 33 натпревари за Лејкерси, со просек од 28,5 поени, 7,9 скока и 7,3 асистенции.

ПретходноПа пак нека не играат: АЕК најверојатно ќе добие двегодишна суспензија од ЕХФ!
СледноРАСПРОДАДЕНО: Пламнаа сите билети за мега – дербито меѓу Вардар и Пелистер! (ФОТО)