Миленковски ги одреди патниците за првиот турнир од Златната лига на ЦЕВ

89
фото: Одбојкарска федерација на Македонија (Facebook)

Селекторот на машката одбојкарска репрезентација Јошко Миленкоски го дефинираше изгледот на тимот кој ќе настапи на првиот турнир во Братислава во ЦЕВ Европската Златна лига 2025.

Стратегот нема голема можност за кратење на списокот со оглед на тоа дека во подготвителниот процес можеше да смета само на 15 одбојкари, од кои тројца организатори на играта, па тие ќе ротираат во составот во престојниот период. На првиот турнир нема да настапи Давид Стојанов.

 

ПретходноСабаленка е прва финалистка на Ролан Гарос
СледноКугларите поразени од Австрија во четвртфиналето на СП