Нов договор: Камерунецот Донгмо и следната сезона ќе „командува“ во средниот ред на Вардар

856

24-годишниот играч од средниот ред на освојувачот на Купот на Македонија, Вардар, Даниел Донгмо, денеска стави потпис на нов договор со скопските „црвено-црни“. Камерунецот останува во составот на Вардар и за следната сезона, со опција договорот да биде продолжен за уште една сезона.

Донгмо кој беше „машина“ во средниот ред на Вардар, го следеше трендот на продолжување на договорите на најважните играчи во тимот, откако претходно и двоецот во дефанзивата Матиќ-Фустин ставија параф на нови договори. Наскоро се очекува и финализација на договорот со капитенот Закариќ.

Дианеси и Пинтер не се дел од „легијата на странци“ во Вардар, откако ја завршија соработката по завршувањето на сезоната.

ПретходноБарди: Само ако играме како тим можеме да направиме нешто!
СледноДешамп: Дембеле ја заслужува “Златната топка“!