Па пак нека не играат: АЕК најверојатно ќе добие двегодишна суспензија од ЕХФ!

3869

И дефинитивно РК Алкалоид, македонската ракометна гордост го освои Европскиот Куп. Тоа е одлука на ЕХФ, која по десет дена состанчење ја донесе единствената исправна одлука, победа за Алкалоид од 10:0 за мечот кој не се одигра, односно АЕК не сакаше да го игра оној реванш од финалето во Европскиорт Куп.

И тука не е крај на проблемите за овој грчки тим. Имено медиумите кај нашиот јужен сосед пренесуваат дека АЕК најверојатно ќе добие двегодишна суспензија, односно на две години ќе бидат исклучени од настапите во Европа.

Сепак, тоа е нивен проблем, ние се радуваме на трофејот кој момците на ГЕНИЈАЛЕЦОТ Кире Лазаров и повеќе од заслужено го освоија и испишаа клупска историја.

Ова прв трофеј во ракометна Европа за РК Алкалоид, а успехот е уште поголем ако се знае дека е остварен со македонски и тренер и со македонски ракометари.

ПретходноЛига Нации: Јамал против Мбапе, Шпанија против Франција во битка за финале!
СледноЛука Дончиќ ќе потпише и ќе заработи 165.000.000 долари