Пред Кирил Лазаров и боговите молчат: Прв македонски тренер што донел европска круна на наш тим

8843

ЕХФ денеска конечно донесе одлука за случајот Алкалоид и АЕК. Овој пат ги испочитува своите пропозиции и досуди во корист на македонскиот тим. Мечот го регистрираше со службена победа, што пак е број два за Алкалоид во оваа финална пресметка. Останува да жалиме што немаше битка на теренот пред полни трибини во СЦ „Борис Трајковски“ да го добијат пехарот.

Кирил Лазаров и неговите момци ја испишаа најубавата европска бајка, го освоија ЕХФ Европскиот Куп, прв во историјата на тимот. Алкалоид стана првиот македонски тим кој го освоил ова натпреварување, вториот тим после Кометал Ѓ.П кој славел европска титула во Скопје.

Но, тука не застануваат фактите пред кои и боговите молчат. Лазаров стана првиот македонски тренер кој со македонски клуб успеал да дојде до европска круна. На сето ова ќе се додаде дека Кире тоа го стори со млади македонски играчи и само двајца странци кои немаа главна улога во текот на целата сезона во ЕХФ Европскиот Куп.

Лазаров и покрај повредите на лидерите Марко Митев, Никола Костески и капитенот, Игор Ѓоргиев успеа да го извади сиот потенцијал од своите момци за кои ова прво финале. Никој од нив не сонуваше дека за кратко време ќе успеат да кренат европски пехар.

Останува дополнително да биде познат датумот на крунисување.

ПретходноЕХФ донесе одлука: Ладен туш за лузерите од Грција, пехарот оди во рацете на Алкалоид
СледноИнтер тргна по фудбалер на Јунајтед