Ќе биде „жешко“ во сабота попладне во салата “Јане Сандански“ во Скопје. Имено во мечот кој ќе решава за титулата во ракометна Македонија се среќаваат Вардар и Пелистер.
Дека има и тоа голем интерес за оваа битка на титаните, потврдува податокот кој раководството на РК Вардар го објави попладнево, дека салата е распродадена, дека сите билети се продадени.
Ова значи дека во сабота од 19.30 часот ќе следиме вистински ракометен спектакл, Вардар против Пелистер, битка за титулата, пред преполни трибини во салата “Јане Сандански“ во Скопје.
ФОТО: РК Вардар/ФБ