Руди Гарсија: Дојдовме во Скопје за да победиме!

479

Утре вечер од 20:45 часот Македонија ја дочекува Белгија. Ова е дерби на 3.коло во квалификациската група Ј за пласман на СП 2026 година. Експедицијата на Белгија попладнево пристигна во Скопје, а предмалку на прашањата на новинарите свои одговори имаше селекторот на гостите, Руди Гарсија:

Сите сме подготвени, дел се во тренажен процес од две – три недели, дел се со завршени првенства. Тука се сите за да победиме, оние кои што се жалеа на повреди исто така се во комбинација. Навистина е топло во Скопје, тоа не смее да се занемари. Влажноста на воздухот исто така треба да е тема. Ние се подготвуваме на посебен начин и токму затоа дојдовме ден порано за да се адаптираме, да видиме каков е теренот, условите“ истакна Гарсија.

Тој потоа посочи дека секогаш е предизвик да се игра на гости:

Секогаш е предизвик да се игра на гости. Дома сме силни и против селекции како Англија, не губиме, тука дојдовме да победиме. Сите се спремни, имам опции кого да ставам во стартните единаесет. Не е само Елмас тука, тука е и Алиоски, има и други. Не чека тежок дуел,ќе влеземе без потценување. Македонија прави притисок и ги користи грешките на противникот. Нашиот противник е анализиран. Македонија веќе има 4 бода.За нас е необично што почнуваме од последната позиција на табелата. Македонија е силна, но ние ќе дадеме се од себе да победиме“.

ПретходноЦентарот за едукација на ФФМ организираше три семинари за УЕФА тренерска лиценца
СледноТомас Муние: Мораме да бидеме на највисоко ниво, дали против Бразил или Македонија, нема разлика!