Томас Муние: Мораме да бидеме на највисоко ниво, дали против Бразил или Македонија, нема разлика!

215

Искусниот дефанзивец Томас Муние, кој на мечот со Македонија ќе ја носи капитенската лента на селекцијата на Белгија, исто така имаше свој коментар за очекувањата од утрешниот меч со Македонија.

Тој напомена дека не смее да се потцени Македонија, дека нема големи и мали репрезентации:

Треба да разбереме дека во минатото имавме премногу грешки, потценувајќи ги селекциите што се од понизок ранг. Во секоја ситуација мора да се даде се од себе. Не постојат големи и мали. Секој тим сака да победи, секој меч е посебна приказна. Чувствувам дека има промена во тимот, дека има нови ветришта. Белгија мора да е на највисоко ниво, дали против Бразил или Македонија, нема разлика“.

ПретходноРуди Гарсија: Дојдовме во Скопје за да победиме!
СледноБелгијците ја „пробаа“ Арената пред утрешниот дуел со Македонија (ФОТО)