Ал Наср сè уште притиска кај Ливерпул да им дозволат да го купат Колумбискиот напаѓач Луис Диаз. Претходно Барселона го контактирала Ливерпул за да разговара за трансферот на колумбискиот крилен напаѓач, но Англичаните одговориле дека тој не е на продажба.
Каталонците се повлекле од трката за играчот, затоа што не чувствуваат дека можат да го променат мислењето на Ливерпул. Ал-Наср сè уште не се откажува. Арапите сакаат да се обидат да го убедат играчот, па тој да направи притисок за заминување. Клубот од Ријад сака да добие согласност од играчот, а потоа да му достави понуда на Ливерпул. Саудијците се подготвени да платат околу 85 милиони евра за Колумбиецот.