Коко Гоф против Сабаленка во женското финале на Ролан Гарос

160
фото: Roland-Garros (X)

Коко Гоф е втората финалистка на Ролан Гарос. Таа победи со 6:1, 6:2 во вториот полудинален дуел против Французинката Лоис Боасон.

Гоф стигна до финалето на трите најголеми турнири на земјена подлога по оние во Мадрид и Рим.

За 21-годишната Американка, ова ќе биде трето финале на Гренд слем во кариерата, прво по она на УС Опен во 2023 година. На Ролан Гарос во 2022 година во финалето беше поразена од Ига Швјонтек.

ПретходноКугларите поразени од Австрија во четвртфиналето на СП
СледноМилевски: Гледам нешто што ми дава надеж дека утре со Белгија ќе биде поинаку од досега