Милевски: Гледам нешто што ми дава надеж дека утре со Белгија ќе биде поинаку од досега

508

И македонската фудбалска репрезентација вечерва ја одржа официјалната прес-конференција пред утрешниот трет меч од квалификациите за СП 2026 против селекцијата на Белгија. Селекторот Благоја Милевски, одговарајќи на новинарски прашања ги пренесе и своите очекувања од дуелот.

„Секако дека анализите се направени. Не треба да се зборува за Белгија и за нејзиниот квалитет. Тоа се играчи и тим кој со години наназад се во врвот на Европа. Но, Македонија го давала својот максимум и против вака силни екипи и не гледам причина зошто тоа да не биде така и утре. Секако дека овој јунски период години наназад ни е проблематичен. Напоменав дека тој јунски менталитет мора да го смениме и тимски и индивидуално. Последните неколку дена гледам нешто што ми дава надеж дека овој јуни ќе биде поинаков. Мотивација не ни недостига, иако имаме проблеми  со повредите на Серафимов, Ќамили и Велковски. Неизвесни се Алими и Димоски. Несомнено дека индивидуалниот квалитет на Белгија е на највисоко ниво, но нашата најсилна страна е тимот, тимската игра и тимскиот дух. Само како тим можеме да напраивме нешто. Меродавни се последните мечеви на Белгија, но не мора да значи дека тие мечеви ќе бидат утре и реплика. Ние сме подготвени на се“, изјави селекторот Милевски.

ПретходноКоко Гоф против Сабаленка во женското финале на Ролан Гарос
СледноБарди: Само ако играме како тим можеме да направиме нешто!