Узбекистан испиша историја, ќе игра на СП 2026

1274
фото: The Sweeper (X)

Фудбалската репрезентација на Узбекистан обезбеди историски пласман на Светското првенство. Ова ќе биде прво нивно учество на собирот на најдобрите светски фудбалски селекции. 

Во 9-то коло од квалификациите, составот на Тимур Кападзе одигра нерешено (0:0) со екипата на Обединетите Арапски Емирати, која го зазема 3-тото место во Групата А.

Така, Узбекистан ќе остане најмалку втор во групата, што им гарантира учество на фудбалскиот мундијал. 

ПретходноЃуретановиќ и Цеков со нови национални рекорди во далечинско пливање
СледноАл-Наср дава 85 милиони евра за Луис Диаз