Без Алими и Димоски, и Милевски на клупата против Казахстан!

1063

Како што кажа селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата, Македонија во составот ќе ги нема Бојан Димоски и Исник Алими за вториот меч од овој јунски циклус во групата Ј за пласман на Светското првенство.

Во понеделник играме со Казахстан во Астана и поради повреда овие двајца нема да патуваат.

Поради жолти картони, на клупата на нашата репрезентација нема да биде селекторот Благоја Милевски.

Сепак и без Алими и Димоски оваа селекција на Македонија и тоа како може да дојде до победа на гости кај Казахстан.

Нашите фубалери утре после пладне ќе тргнат за Казахстан.

ПретходноМилевски: Ова е еден до најдобрите мечеви на Македонија, голема концентрација на Казахстан
СледноМакедонија точно две години без домашен пораз, а игравме со Италија, Англија, Велс, Белгија…