Боже имало правда – Македонија е силна и храбра! (ВИДЕО)

2886

Се отвори небото над Скопје, арената е во ерупција по одличниот натпревар и храбриот меч на македонската фудбалска репрезентација која има фантастични 1:1 со пресилната и далеку фалена Белгија! Прекрасно издание на наите фудбалери кои изгинаа на теренот против скапиот и силен тим на гостите. Дека има правда и дека можеби истата е спора се потврди вечерва на арената каде во 86 минута се случи експлозија, се случи гол и тоа каков на Алиоски за 1:1 по кој Белгхија си го доби она што го заслужи во текот на целиот натпревар. Статива на Елмас, па уште една на Алиоски и тоа на празен гол и погодок на гостите по само неколку секунди преку „карамбол“ и среќа на стрелецот Де Кујпер. Силата на Македонија беше во единството и добрата тактика на селекторот Благоја Милевски. Израмнивме за 1:1 на самиот старт преку Елмас но и тогаш и при фаулот за пенал верз Барди дојде интервенцијата од ВАР собата, одлуките беа фатални по нашите фудбалери.

 

Гостите поагресивно го започнаа мечот, имаа неколку закани, а ние не можевме да се поврземе што се вели. Де Брујне и Лукаку се заканија, но немаше гол. Ние во 6.минута имавме полушанса откако Елмас направи дар – мар во казнетиот простор.

Така беше се до 15 минута кога се ослободивме од притисокот, но Салемакерс во 22.минута опасно шутираше за да Димитриевски фантастично одбрани.

И тогаш Барди во таа 24.минута украде една топка, се најде сам пред Селс, но немаше среќа. Нешто подоцна Елмас одлично шутираше, но само во стативата, а на одбиената топка дојде Алиоски кој исто така ја погоди стативата.

Неверојатно колку среќа имаа Белгијците во тие моменти.

Казната стигна во 28.минута гостите поведоа преку Де Кујпер, откако претходно Лукаку беше во акција.

Па така со тие 0:1 се замина на пауза.

ЕЛМАС „ТРЕСЕ“ ЗА 1:1, РАДОСТА ЈА СПРЕЧИ ТОЈ ПРОКЛЕТ ВАР

Вториот дел Македонија почна агресивно, преку Елмас и дефинитивно покажавме што знаеме и можеме. Во 48.минута постигна гол, цела Арена се израдува, но ВАР покажа дека голот не е важечки поради офсајд и тоа на Миовски.

Каква штета, Македонија навистина нема среќа вечерва.

Нешто подоцна Елмас повторно ја покажа сета своја класа, ја “излуде“ гостинската одбрана, а Костадинов шутираше високо над голот. И ова беше добра шанса за Македонија, и повторно штета.

Во 61.минута Чурлинов беше фаулиран, но немаше пенал за нас.

Претходно селекторот на гостите во таа 56.минута виде дека работите не одат како што тој планирал,па направи тројна измена. Го извади и Кевин де Брујне.

Македонија охрабрена од убавата атмосфера и поддршка од трибините од тие 30.000 гледачи, даде се од себе да дојде до гол. Оваа Македонија е храбра Македонија.

Во 70.минута Доку нафрли од лево, за да потоа Раскин ја погоди стативата, а одбиената топка ја шутна Онана, но Димитриевски одново фантастичен

ЏАНИИИИИИИИ, КАКОВ ГОЛ ЗА 1:1

Се играше 87.минута кога Чурлинов прекрасно асистираше до Чурлинов кој со фантастичен гол успеа да израмни на 1:1, за еуфорија на Арената. Каков гол, СУПЕР ЏАНИ.

Ова е награда за се она што Македонија го даде на овој меч.

Одиме момци.

Квалификации за СП 2026 – група Ј

МАКЕДОНИЈА – БЕЛГИЈА 1:1 (0:1)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 30.000. Судија: Кристофер Каванаг (Англија). Стрелци: Алиоски 87.(МАК), Де Кујпер 28. (БЕЛ).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Илиевски (80. Ашковски), Зајков, Муслиу, Стојчевски (57. Чурлинов), Алиоски, Атанасов (46.Елези), Костадинов (80.Митровски), Барди, Елмас, Миовски (85.М. Ристовски).

Селектор: Благоја Милевски.

БЕЛГИЈА: Селс, Муние (56. Де Винтер), Дебаст, Фаес, Де Кујпер (78. Теате), Раскин, Де Брујне (56. Тилеманс), Ванакен (56. Онана), Салемакерс, Лукаку (82.Опенда), Доку.

Селектор: Руди Гарсија.

ПретходноСинер го спакува Ѓоковиќ за финале на Ролан Гарос
СледноЏани мајсторе, кога најмногу требаше….(ВИДЕО)