Измени во правилото „младинец“ од национален интерес!

1020

На изминатите пријателски дуели со Косово за нашиот национален тим настапија барем петмина фудбалери кои настапуваат за клубовите во земјава, а кои имаат право да играат во новиот квалификациски циклус за младата селекција до 21 година, но тука кај нас во нивните клубови нема да се „младинци“.

Во интерес на националниот тим и во интерес тие фудбалери да имаат што е можно поголема минутажа во своите клубови, ФФМ денеска на седница на УО ќе направи низа корекции во интерес на фудбалот, а меѓу нив и корекција и измена во правилото „младинец“.

Според најновата одлука сите оние кои имаат право да игртаа за младата селекција ќе имаат и третман на „младинец“ во своите екипи, а не како досега. Тоа значи во предвид ќе се зема календарската година па така сите кои се помлади, а родени во 2004 година ќе бидат „младинци“ и во новата сезона, а не како досега да се пресметуваат годините од половина на годината како на пример 10 јуни.

Измените се носат во координација со правилата за настап во младите селекции според критериумите на УЕФА – конечно! Василев (Работнички), Талевски (Вардар), Хамза (Струга Т.Л)… и останатите ќе го задржат статусот на младинец во своигте екипи, а ова е и одлична вест за селекторот на младата селекција, Горан Станиќ.

ПретходноИсторијат: Само еден гол против Белгија и тоа оној на Чоко од 1994 година! (ВИДЕО)
СледноФудбалерите од „отворен Балкан“ не се странци, двајца и во Втора лига!