Историјат: Само еден гол против Белгија и тоа оној на Чоко од 1994 година! (ВИДЕО)

255

Време е вечерва некои работи да се поправат. Имено Македонија во својата историја одиграла четири пати против Белгија, сите квалификациски, и имаме само едно реми и три порази.

И на тие средби Македонија успеала да постигне само еден гол и тоа оној на Зоран Чоко Бошковски од 1994 година кога среде Брисел одигравме 1:1. Тоа е единственото реми и единствениот гол за Македонија против Белгија.

Во истите квалификации за ЕП 1996, Македонија дома беше поразена од Белгија со 0:5.

Во квалификациите за СП 2014, во Скопје беше 0:2, а во Брисел победа за Белгија од 1:0.

Иако минаа 31 година од тој славен меч во Брисел, сепак ни останува во длабоко сеќавање. Кога на трибините имаше најмалку 10.000 Македонци со македонски знамиња, кога ни дозволија само химната да ја слушаме а не и знамето.

Сепак Чоко Бошковски во 50.минута успеа да го постигне еден од најславните голови на Македонија за 1:1.

Вечерва Македонија и Белгија по петти пат се среќаваат во својата историја.

ПретходноНеуспешното деби на Карло Анчелоти како селектор на Бразил (ВИДЕО)
СледноИзмени во правилото „младинец“ од национален интерес!