Мбапе: Ако надополнувањето е пет минути -тогаш мора да се играат пет минути!

2966

Шпанија ја совлада Франција со 5:4 во вистински голеадерски спектакл во полуфиналето на Лигата на нации и обезбеди место во големото финале каде што ќе се сретне со Португалија. Натпреварот во Штутгарт понуди драма до самиот крај и дури девет голови, но Шпанците успеаја да го задржат водството и да слават.

По натпреварот, разочарувањето кај француската репрезентација беше големо, особено кај ѕвездата Килијан Мбапе, кој отворено се пожали на судиската надокнада:

„Не се согласувам со судијата со вистинското време за играта. Ако е најавена петминутна надокнада, тогаш треба да се игра пет минути. 

На прв поглед, мислам дека одигравме добро. Имавме акции што одамна не сме ги виделе. Сепак, имавме пад од десет минути во првото полувреме и тие постигнаа два гола. Истото ни се случи и во второто полувреме. Не бевме доследни цел натпревар. Но, има напредок. Секако дека сме лути и фрустрирани,“ заврши Мбапе.

ПретходноЧудесен пресврт на Индијана и кош за победа на 0,3 секунди до крајот (ВИДЕО)
СледноНеуспешното деби на Карло Анчелоти како селектор на Бразил (ВИДЕО)