Синер го спакува Ѓоковиќ за финале на Ролан Гарос

1136
Фото: Roland-Garros @rolandgarros

Јаник Синер се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако го совлада Новак Ѓоковиќ со 3-0 по сетови (6-4, 7-5 и 7-6) ) во меч кој траеше три часа и 16 минути. Италијанскиот тенисер за противник во битката за трофејот ќе го има Карлос Алкараз.

Во првиот сет Синер искористи загубен сервис на Ѓоковиќ и поведе со 4-2 во гејмови, ова беше клучно за водството од 1-0 (6-4). Во вториот сет кој италијанскиот тенисер го доби со 7-5, повторно дојде до водство од 5-3 во гејмови, но Ноле се врати изедначи на 5-5, но потоа не искористи нов сервис за 7-5.

Во третиот сет видовме изедначена битка на теренот, па победникот се решаваше во тај-брејк. А таму подобро се снајде Синер, беше подобар со 7-3.

ПретходноСусо се врати дома
СледноБоже имало правда – Македонија е силна и храбра! (ВИДЕО)