Екипата на Алкалоид запиша победа на последниот меч пред своите фанови оваа сезона. Во претпоследното коло од плеј-офот славеше против ГРК Охрид со 33-24. Гостите дојдоа со младински состав, на другата страна Кирил Лазаров исто така не сметаше на стандардните играчи. На трибините беа Маркоски, Серафимов, Дамјан Митев и Галевски.
Гарбески постигна осум гола, зад него беше Џонов со 6. На другата страна Соуза имаше девет гола, Костов запиша шест.
Мечот беше полесен тренинг и за двата тима, истиот не решаваше околку крајниот пласман на табелата.
Алкалоид после првото полувреме имаше предност од два гола (11-9), во продолжение ја зголемуваше позитивата, во 45. минута беше 22-12, доволно за победа број пет во плеј-офот.
Во следното, последно коло, Алкалоид му гостува на Бутел Скопје (недела), додека ГРК Охрид го пречекува Тиквеш.